Достапни линкови

Најмалку 70 загинати на протестите во Египет


Најмалку 70 приврзаници на Муслиманското братство загинале рано утрото за време на протестот во Каиро кога безбедносните сили отвориле оган врз нив, соопштија од Муслиманското братство. Би-Би-Си цитира лекарски извори според кои бројот на загинатите е најмалку 100 луѓе, а повеќе од 1000 се повредени. Претходно, најмалку седум лица беа убиени во судирите меѓу спротивставените групи демонстранти. Министерот за внатрешни работи, кој доаѓа од редовите на Армијата, доцна во петокот изјави дека едномесечните протести во Каиро од страна на поддржувачите на Морси ќе мора да завршат „наскоро и на законски начин“.
XS
SM
MD
LG