Достапни линкови

Од роуд шоута, остана само шоу


Македонскиот премиер Никола Груевски во посета на Народна Република Кина.
Македонскиот премиер Никола Груевски во посета на Народна Република Кина.

Рекламирањето во странски медиуми и скапите роуд шоуа кои се интензивираа со серија посети на премиерот и неговите министри последните неколку години, и се модел на работа преку кој владата самата се рекламира шест-седум години, не го дадоа очекуваниот резултат.

Македонија оваа година повторно се соочува со недоволно странски инвестиции кои би придонеле за намалување на невработеноста или зголемување на извозот. Рекламирањето во странски медиуми и скапите роуд шоуа кои се интензивираа со серија посети на премиерот и неговите министри последните неколку години, и се модел на работа преку кој владата самата се рекламира шест - седум години не го дадоа очекуваниот резултат.
За првите четири месеци од годинава се само околу 70 милион евра, што е исклучително малку, значи ако продолжиме со ова темпо, ние повторно ќе стигнеме до некаде 100-150 милиони на годишно ниво, што, барем јас ценам, дека е целосно неуспешна политика во привлекувањето на странските инвестиции. Резултатот е уште попоразителен, само 27 милиони се странски директни инвестиции кои влегле во Република Македонија, а останатите до 70, околу 43, се практично реинвестирана добивка на постојните странски инвестиции во Македонија.
Никола Поповски, поранешен министер за финансии.

Епилогот од последните патувања во кои владините претставници ги посетија Естонија, Кина, Русија, Италија, САД, Азербејџан, како и Бразил, Аргентина и Мексико е внесен капитал од надвор во износ од околу 70 милиони евра. Според податоците на НБМ во првите четири месеци од годината во Македонија влегле странски инвестиции со капитал вреден 73,3 милиони евра. Овие параметри говорат за неефикасна политика во привлекувањето странски инвестиции, оценува професорот на Меѓународниот Славјански Универзитет во Македонија и поранешен министер Никола Поповски.

„За првите четири месеци од годинава се само околу 70 милион евра, што е исклучително малку, значи ако продолжиме со ова темпо, ние повторно ќе стигнеме до некаде 100-150 милиони на годишно ниво, што, барем јас ценам, дека е целосно неуспешна политика во привлекувањето на странските инвестиции. Резултатот е уште попоразителен, само 27 милиони се странски директни инвестиции кои влегле во Република Македонија, а останатите до 70, околу 43, се практично реинвестирана добивка на постојните странски инвестиции во Македонија.“
Ако се направи споредба со минатата година кога во истиот период имаше 40 милиони евра странски инвестиции, гледаме дека имаме значителен пораст. Од гледна точка на реинвестираната добивка, посебно од овие мултинационални компании кои веќе се во Македонија јас тоа го гледам како нешто позитивно. Тие одлучиле дел од нивната добивка наместо да ја распределат и исплатат како дивиденда во странство, тие одлучиле да реинвестираат во Македонија.
Виктор Мизо, директор на технолошко индустриските развојни зони.

Поповски ги посочува последните пет години како период во кој во Македонија стагнираат странските инвестиции. Редоследно пет години во Македонија влезот на странски капитал се движи од 100 до 150 милиони евра, со исклучок на една година кога е забележан поголем прилив.

„Во 2012 биле 110 милиони, во 2011 имаме малку повеќе, односно 336, во 2010 имаме само 158, во 2009-136 милиони, значи ние сме веќе во петта година сукцесивна,таков прилив на странски инвестиции е практично никаква потпора на домашната економија.“
Архивска фотографија: Премиерот Никола Груевски присуствуваше на почетокот на изградбата на фабрика за автобуси од белгиската компанија „Ван Хол“.
Архивска фотографија: Премиерот Никола Груевски присуствуваше на почетокот на изградбата на фабрика за автобуси од белгиската компанија „Ван Хол“.

Владата и понатаму е оптимист дека последните бројки ветуваат поуспешна инвестициска година.

„Ако се направи споредба со минатата година кога во истиот период имаше 40 милиони евра странски инвестиции, гледаме дека имаме значителен пораст. Од гледна точка на реинвестираната добивка, посебно од овие мултинационални компании кои веќе се во Македонија јас тоа го гледам како нешто позитивно. Тие одлучиле дел од нивната добивка наместо да ја распределат и исплатат како дивиденда во странство, тие одлучиле да реинвестираат во Македонија“, ни изјави директорот на технолошко индустриските развојни зони, Виктор Мизо.
Владата ја промовира Македонија како да е голема економија, голема како на пример Бразил или Русија, но апсолутно не е така, ова е многу мала економија и наместо да биде расштркана мора да биде многу концентрирана на два-три сектори коишто ќе бидат она што Македонија го произведува со светски квалитет. Тоа значи прво тие сектори да се откријат и да се постават, потоа да се таргетираат инвеститори коишто би биле најпогодни за развој на токму тие сектори после 5-10 години кога сето тоа ќе тргне, е потоа може да се шират работите, значи тоа е една сосема различна кампања.
Ванчо Узунов, потпретседател на СДСМ.

Меѓутоа оваа изјава на Виктор Мизо не е оптимистичка со оглед на тоа што 2012 година експертите ја оценија како најнеславна за странски инвестиции во Македонија. Поголем неуспех бележи само 2005 година кога имало 77,2 милиони евра. Застојот во странските инвестиции во последните пет години владата го аргументира со пролонгираната светска финансиска криза, а уште повеќе со европската должничка криза и дека во тие земји исто така имало намалување на странските инвестиции.
Премиерот Никола Груевски на бизнис форум во Талин, Естонија.
Премиерот Никола Груевски на бизнис форум во Талин, Естонија.

Меѓутоа светската економска криза со која владата најчесто ги правда нереализираните кампањски ветувања не беа причина да не продолжат скапите владини роуд шоуа со кои се промовираат економските потенцијали. Проектиарните бројки за влез на странски инвестиции кои звучат бомбастично несоодветствуваат со реалноста. Според програмата минатата година владата најавила влез на странски капитал во вредност од 350 до 400 милиони евра. Но за жал тој износ минатата година е преполовен. Експертите објаснуваат дека износот на странски капитал би бил поголем доколку некои од странските фирми не ги префрлаат парите надвор од земјава. Тоа значи дека инвеститорите ги користат своите активности овде за да ги финансираат своите матични компании, а ги уживаат бенефициите што им ги дава државата.

Едновремено има одлив на портфолио инвестициите. Малите инвеститори масовно ја напуштаат земјата и тоа исто така зборува за неуспешна политика, вели Поповски.
Странските инвестиции се недоволни во овој момент за да ја покренат македонската економија, а за жал, исто така не се доволни ниту домашните инвестиции. На Македонија и се потреби и домашни и странски инвестиции и тоа повеќе од милијарда евра на годишни ниво, за да се почувствува една јака развојна компонента во економијата.
Мирче Чекреџи, Сојуз на стопански комори на Македонија.

„Портфолио инвестиции, само да појасниме, се учество на странскиот капитал во некои компании кадешто учеството е помало од 10 отсто. Во првите четири месеци од оваа година околу 140 милиони инвестиции кои се портфолио ги имаме напуштено. Акциите кои ги имаат по неколку проценти во различни компании ги продаваат, ги напуштаат компаниите, веројатно затоа што немаат доволно профит, немаат дивиденда, мислат дека неуспешно ги пласирале, а во исто време немаме ни странски инвестиции, покрај вербални напори кои ги сретнуваме на секој чекор од владата, дека се потпира на политиката на директни странски инвестиции.“
Слободна економска зона Бунарџик кај Скопје.
Слободна економска зона Бунарџик кај Скопје.

Меѓутоа ако се анализираат резултатите реално колку пари потрошила владата јавноста не може да знае бидејќи нема пристап до нив. Според некои проценки владата последните шест-седум години потрошила десетици милиони, а некои се сомневаат во суми од стотици милиони. Но се ова останува во сферата на шпекулации и претпоставки.

Проблемот со недоволниот влез на странски инвестиции, професор Ванчо Узунов го лоцира во погрешниот пристап на Владата со кој таа привлекува инвестиции. Гледано како активност ефектот е повеќе промотивен, а помалку со забележителен резултат за подобрување на економијата, коментира Узунов.

„Владата ја промовира Македонија како да е голема економија, голема како на пример Бразил или Русија, но апсолутно не е така, ова е многу мала економија и наместо да биде расштркана мора да биде многу концентрирана на два-три сектори коишто ќе бидат она што Македонија го произведува со светски квалитет. Тоа значи прво тие сектори да се откријат и да се постават, потоа да се таргетираат инвеститори коишто би биле најпогодни за развој на токму тие сектори после 5-10 години кога сето тоа ќе тргне, е потоа може да се шират работите, значи тоа е една сосема различна кампања.“

Меѓу посочените проблеми што Македонија не ја прави атрактивна за странски инвестиции се политичката нестабилност, корупцијата во судството и нерешениот спор со името кои се клучни причини кои ги одвраќаат инвеститорите. Економскиот аналитичар Висар Адеми вели дека земја во која на секои две три години има избори не се смета за стабилна дестинација од инвеститорите.

„Не може да очекувате дека некоја голема компанија и корпорација туку така ќе направи лесна одлука да дојде во Македонија, сепак тие одлучи за инвестирање во некоја држава се многу долгорочни, да кажеме две до три години. Кога од владата имаат презентација таму, кај нив се креира почетно интересирање, но потоа кога прават истражувања и кога ги гледаат сите тие проблеми и дека не сме држава којашто има стабилно институции, сепак на крај тоа може да превргне и тие странски инвестиции да се прелеат во други држави.“

Судејќи според зборовите на економистите има цел сплет на околности кои не одата во прилог на странските компании да се одлучат да инвестираат во земјава.

„Владеење на правото, законите, понатаму политичката безбедност, тоа се членството во НАТО, процесот на пристапување во ЕУ, сите тие работи се битни, очигледно и побитни, отколку наводно ниските даночни стапки и евтината работна сила. Владата треба да поработи на реално подобрување на домашната економија, како атрактивна локација за странски инвестиции, а не само да троши пари на рекламирање, кога веќе не резултираат со прилив на странски инвестиции во многу поголем износ, тогаш се чиста загуба“, вели професор Узунов.

Поповски вели:

„Тоа што владата не го сфаќа е дека поголем министер од министерот за странски инвестиции е министерот за економија, повлијателен за странските инвестиции е министерот за внатрешни работи, министерот за правда, заглавеноста со ЕУ, со домашните политички проблеми ги одвраќаат инвеститорите.

Мирче Чекреџи од Сојузот на Стопански Комори објаснува:

„Владата треба да инвестира во инфраструктура. Домашните инвеститори треба да инвестираат во нови технологии, отворање на нови работни места и во извозно -ориентирани бизниси, а странските инвеститори таму кадешто ќе најдат интерес.“

Сомнеж во кредибилитетот на странските инвеститори во Македонија отвори индискиот бизнисмен Субрата Рој кој во својата земја за милијарди долари води судски спорови. Поповски вели дека неуспехот од целата програма на владата е извесен ако се споредат трошоците кои се даваат за да се привлечат инвеститорите преку реклами роуд шоуа итн и ако на тоа се додаде и продавањето на националното богатство кое чини многу повеќе отколку цената по која се дава на странските инвеститори.

„На инвеститори од Индија во кои довербата е сомнителна, им се даваат прилично големи земјишта, илјадници хектари, брегови од езеро, по прилично ниски цени, а тие што ќе дојдат таму добиваат голем дел од националното богатство.“

Узунов додава:

„Очигледно дека може да ни се случи некој нов „Сведмилк“, има причини човек добро да се сомнева во тоа каков е квалитетот на тие инвестиции. Најголем дел од економијата што прават тие е тоа роуд-шоу за да се привлечат странски инвестиции, но ефекти нема.“

Владата посочува дека секој што инвестира во Македонија поминува низ нивните филтри кои се гаранција за безбедни инвестиции како секаде во светот. Во тој стил Мизо застанува во одбрана на беграундот на индискиот инвеститор Субрата Рој кој предизвикува различни контроверзии во јавноста.

„Не гледам дека воопшто се намалени критериумите на кој начин странските инвеститори влегуваат или кој вид на инвеститори доаѓаат во Македонија од една страна, а од друга страна она што се случува во Индија на никој начин не влијае и тоа беше истакнато и од страна на Компанијата Сахара врз тоа што се случува во Македонија бидејќи таа Компанија е сопственик на еден од најпознатите хотели во Њујорк, еден од најпознатите хотели во Лондон, како и ко-сопственик на еден формула тим“, вели Мизо.

Колку и да се користат различни бројки и да се оправдуваат патувањата и рекламите на кои се потпира владата стопанството, засега не може да почувствува некоја повидлива корист. Странските директни инвестиции влегуваат во дејности што не може да донесат развој, вели Поповски. Мизо ги брани владините политики посочувајќи дека освен во текстилот и градежништвото има инвестиции во автомобилската индустрија и електрониката.

Македонските стопанственици со свој став дека на Македонија и требаат суми во висина од повеќе милијарда евра странски и домашни инвестиции за да може да се почувствува економски развој.

„Странските инвестиции се недоволни во овој момент за да ја покренат македонската економија, а за жал, исто така не се доволни ниту домашните инвестиции. На Македонија и се потреби и домашни и странски инвестиции и тоа повеќе од милијарда евра на годишни ниво, за да се почувствува една јака развојна компонента во економијата“, изјави Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG