Достапни линкови

logo-print

Демократијата и Турците


Илхан Рахман, претседател на НВО УФУК

Илхан Рахман, претседател на НВО УФУК

Во последните неколку години веќе се случуваат некои промени, промени кои го намалуваат индексот на демократијата во земјата, барем годишните извештаите на Европската унија и Обединетите нации, периодичните анализи на меѓународните организации од оваа област, ни укажуваат на овој драстичен пад, пишува Илхан Рахман, претседател на НВО УФУК, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Со процесот на независноsт и воспоставувањето на новиот уставен поредок, Република Македонија станува самостојна, суверена, демократска и социјална држава. Држава која за политички систем jа има парламентарната демократија.
Не постои слобода на изразување и слобода на мислење, секогаш мора да се мисли исто како врвот, бидејќи само и само тој го знае најдоброто. Во такви услови секогаш управните и извршните одбори се марионети, невозможно е да се наметне некоја „туѓа“ идеа/став. Ако некој греши или работи спротивно интересите не на партијата туку на претседателот, лесно се отстранува од партиските редови.

Во теоријата, системот на демократија, можеби е опишан како функционален, практичен, ефикасен, реален, па дури и скоро идеален, но во реалноста и праксата се менуваат многу работи. Човечката алчност го прави своето, моќта и влијанието на силните спрема слабите излегува на виделина, големите за свои цели и интереси ги газат малите, за жал тоа е суровата вистина со која е обиколен поимот „демократија“.

Кога разгледуваме денес, после 22 години од независноста, каде и на кое ниво е демократија во Македонија, како прв впечаток ќе имаме комплексна и сложена тема. Низ овие минати години во нашата држава бевме сведоци на неколку клучни тестови низ кои „помина“ земјата.

Во последните неколку години веќе се случуваат некои промени, промени кои го намалуваат индексот на демократијата во земјата, барем годишните извештаите на Европската унија и Обединетите нации, периодичните анализи на меѓународните организации од оваа област, ни укажуваат на овој драстичен пад.

Има многу да се пишува и да се каже, но за нас темата е нешто поразлично. Ако го анализираме односот помеѓу Турците во Република Македонија и демократијата тогаш ќе забележиме доста интересни факти кои ќе ни ја опишат вистинската слика, слика од која секој разумен човек би се плашел.
Да започнеме од политичката сфера. Со осамостојувањето започнуваат првите обиди за оформување на некакво политичко тело кое ќе ги претставува Турците во Македонија. Како резултат на овие стремежи се формира Демократската Партија на Турците во Македонија, која долго време на политичката сцена останува како единствена опција и претставник на Турците. Но со оглед на очекувањата и потребите, изборните резултати и постигнувања, се појавуваат разни фракции. Во 1999 -та година се формира Партијата за Движење на Турците како нова политичка алтернатива. А како последна (засега) и трета партија во 2006 година се формира Партијатата Движење за Национално Единство на Турците.

На прв поглед гледаме висок степен на повеќепартиска демократија, 78 илјади Турци во Македонија, но три различни политички опции, тоа се „благодетите“ на демократијата. Но ако малку навлеземе во темата брзо ќе произлезе фактот дека наведените турски политички партии се доста далеку од нормалното политичко во исто време и демократско функционирање. Иако во нивните статути стојат демократските определби и залагања, во пракса нема ни „Д“ од таа пуста демократија. Најпрво и најосновно, речиси никогаш при партиските работи не се зема в предвид статутот, кој важи за највисок акт на партијата. Секогаш се работи во и за интерес на претседателот на партијата и тесниот круг. Токму со таков начин на работа се владее со партијата, се зацврстува фотелјата на претседателот, се манипулира членството, се протеруваат неистомислениците итн. Така да бевме лични сведоци на фалсификувани конгреси, формирање на изборни коалиции преку телефонски разговори, фалсификување на изборите во партиските ограноци, дури и исклучувања од партијата без никаков пропис.

Како друга проблематика се појавуваат и финансиските работења на партиите. Бидејќи не постои демократија, не се почитува воопшто статутот, лесно се манипулираат некомпетентните партиски одбори, лесно од тесен круг (најповеќе од претседателот) се користат финансиските средства неекономски, често и за лични цели. Бидејќи финансиерите на политичките партии не се откриваат, не се знае од каде потекнуваат парите (дали се црни пари, дали тоа се перени пари, дали се милостина од некоја „странска“ држава), а што е потрагично не се знае и каде се трошат. Годишните финансиски извештаи на партиите се трагикомични, напишани т.е. препишани од минатите извештаи.
Исто како кај политичките партии и во невладиниот сектор финансиите се болна точка, не се работи економично, се троши неразумно, постојат сериозни финансиски малверзации. Никој од никого не бара одговорност. Зад голем број од активните невладини турски организации стои некаква политичка структура, тие немаат проблем со парите, изнајмуваат раскошни канцеларии, за најпрости активности организираат и трошат високи суми на пари, и засега живеат среќно. Додека неколкуте неутрални организации се борат за опстанок, трпат маки и дополнително се плука кон нив од страна на опонентите.

Не постои слобода на изразување и слобода на мислење, секогаш мора да се мисли исто како врвот, бидејќи само и само тој го знае најдоброто. Во такви услови секогаш управните и извршните одбори се марионети, невозможно е да се наметне некоја „туѓа“ идеа/став. Ако некој греши или работи спротивно интересите не на партијата туку на претседателот, лесно се отстранува од партиските редови.

Невладиниот сектор претставува еден од клучните елементи на демократскиот поредок. Турскиот невладин сектор во Македонија започнува да се развива во 1996-1997 со процесот на донесувањето на законот за „граѓански здруженија“ кој потоа се преименува на „невладини организации“. Во стариот систем од оваа област постоеја само културно уметничките друштва кои беа доста активни и уште толку успешни. Во 1997 година започнуваат да се формираат првите турски невладини организации кои најповеќе се од хуманитарен, образовен и културен карактер.

Но недостигот на професионално и одговорно работење, а од друга страна и недостигот на основните финансиски средства за брзо време ги пасивизира најголемиот дел од овие организации. Бидејќи активноста и флексибилноста е битен елемент на овој сектор Турските невладини организации се среќаваат со доста проблеми и не се во состојба за добивање на грантови или финансиска помош од агенции. Како спасител на овој сектор се појавува Турција, која преку својата владина агенција за соработка и развој целосно ги покрива трошоците на дел „послушни“ организации на чело со Сојузот на Турските Невладини Организации во Македонија (Матуситеб).

Исто како кај политичките партии и во невладиниот сектор финансиите се болна точка, не се работи економично, се троши неразумно, постојат сериозни финансиски малверзации. Никој од никого не бара одговорност. Зад голем број од активните невладини турски организации стои некаква политичка структура, тие немаат проблем со парите, изнајмуваат раскошни канцеларии, за најпрости активности организираат и трошат високи суми на пари, и засега живеат среќно. Додека неколкуте неутрални организации се борат за опстанок, трпат маки и дополнително се плука кон нив од страна на опонентите.
Турските медиуми во Македонија се под силно политичко влијание, почнувајќи од државната радио телевизија каде цензурата, необјективноста е во прв план. Неправдата и дрскоста е до тој степен што на раководни позиции се поставуваат роднини на еден од претседателите на една од турските политички партии. Од штампата ги имаме само двата неделни весници, кои се приватни и се разбира дека играат како што свири нивниот финансиер.

Турските медиуми во Македонија се под силно политичко влијание, почнувајќи од државната радио телевизија каде цензурата, необјективноста е во прв план. Неправдата и дрскоста е до тој степен што на раководни позиции се поставуваат роднини на еден од претседателите на една од турските политички партии. Од штампата ги имаме само двата неделни весници, кои се приватни и се разбира дека играат како што свири нивниот финансиер. Турските така наречени медиуми, новинари или дописници се доста непрофесионални. Народот никако не може да добие точна и непристрасна информација.

Мислам дека би требало да се напише и неколку зборови за верската страна, односно верското организирање на Турците во Македонија. Таа тема нели влијае и е дел од демократија. Исламската верска заедница е органот кој го организира верскиот живот во земјата. Но колку влијание, учество или удел имаат Турците во тој орган, односно дали воопшто имаат? Или пак таа организација е потполно под рака на една етничка заедница? Каде се тука вредностите на исламот или пак вредностите на демократијата?

Сосема за крај. Таму каде демократијата е во доста заден план, таму има тиранија, диктатура или режим. Баш тоа се случува на Турците и токму затоа Турците во Македонија се на вакво дереџе, во клучните сегменти на турското општеството во Македонија (политиката, нво секторот, медиумите...) не постои никаква демократија, затоа станавме граѓани од не знам кој ред, поради волјата на „некои“ сме осакатени. Но во никој случај не треба да сме песимисти, ако се пишува, ако се каже, ако се учи и ако има волја тоа може да се промени, барем надежта се уште е жива...

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG