Достапни линкови

Приведен машиновозачот на возот кој излета од шини


Полицијата го притвори машиновозачот кој управувал со возот кој излета од шините во Шпанија, резултирајки во една од најлошите железнички несреќи во земјата во последните 70 години. Шефот на полициските сили во регионот Галициа вели дека хоспитализираниот возач Франциско Хозе Гарзон кривично ќе одговара во врска со несреќата. За сега возачот не може да биде сослушуван поради повредите. Полициските власти го намалија бројот на загинати на 78 по вчерашната изјава дека 80 лица загинале во излетувањето. Медиумите јавуваат дека возот влегол во кривина со 190 километри на час, движејки се двојно побрзо од пропишаната брзина.
XS
SM
MD
LG