Достапни линкови

Пакистанската народна партија најави бојкот на изборите


Поранешната владеачка партија во Пакистан најави дека ќе ги бојкотира претседателските избори закажани за идната недела. Сенаторот Раза Рабани, кој е претседателскиот кандидат на Пакистанската народна партија, изјави дека одлуката за бојкот е донесена поради промената на денот на гласањето без претходна консултација. Врховниот суд во земјата во средата нареди денот на гласањето да се презакаже од 6 август на 30 јули поради поклопувањето на првоодредениот датум со крајот на рамазанските пости.
XS
SM
MD
LG