Достапни линкови

Ние од Македонија испраќаме прилично контроверзни сигнали – од еуфорични најави дека ете спремни сме на највисоко ниво веднаш да го разрешиме проблемот, до ставови коишто кажуваат дека не сме спремни на некакви сериозни отстапки, вели професор Денко Малески.

Фактот што во последниот период странски државници и дипломати ни зборуваат за потребата од брзо решавање на спорот со името зборува дека сме заглавени во процесот, анализираат експертите. Нивните добри намери не можат да бидат компензација за отсуството на сериозна иницијатива од македонска страна во решавање на овој клучен проблем, вели универзитетскиот професор Денко Малески.
Ние од Македонија испраќаме прилично контроверзни сигнали – од еуфорични најави дека ете спремни сме на највисоко ниво веднаш да го разрешиме проблемот, до ставови коишто кажуваат дека не сме спремни на некакви сериозни отстапки.

„Ние од Македонија испраќаме прилично контроверзни сигнали – од еуфорични најави дека ете спремни сме на највисоко ниво веднаш да го разрешиме проблемот, до ставови коишто кажуваат дека не сме спремни на некакви сериозни отстапки“, вели Малески.
Архивска фотографија.

Архивска фотографија.


И политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека пораките на меѓународната заедница треба да се сфатат како аларм за губење на трпението на нашите европски партнери.

„Најлошо што може да ни се случи во евроатлантските интеграции е да изгубат интерес за нас, да изгубат трпение и да не симнат од агендата“, вели Муслиу.
Европските партнери знаат дека тоа не е прашање кое е лесно да се надмине. Ако ова прашање се надмине, верувам дека во почетната фаза ќе има разбирање и ќе може да ни прогледаат низ прсти. Секако, во понатамошните преговори овие прашања ќе мора да се надминат, затоа што мора да се покажат и резултати.

Но, ако порано беше само прашањето за името кое останува клучно за влезот во евроатланските структури, сега ги имаме проблемите со слободата на медиумите, судството, политичкиот дијалог и други. Стагнацијата на многу полиња на кои ни се укажува може да се надмине само доколку се најдеме „под директна контрола“ на европските процеси, односно како дел од еден преговарачки процес, вели Малески.

„Ставена под контрола во процес на преговори, на Македонија ќе и се наметнуваат поинакви стандарди во политиката, во доменот на човековите слободи и права, во економијата и воопшто во целиот општествен живот“, вели Малески.

Муслиу предупредува дека доколку процесот на преговори не се забрза и доколку не се најде начин за надминување на ова прашање, земјава би можела да се соочи со ретроградни процеси и во другите сфери, што, пак, дополнително би го отежнало нејзиниот евроатлански пат.

„Европските партнери знаат дека тоа не е прашање кое е лесно да се надмине. Ако ова прашање се надмине, верувам дека во почетната фаза ќе има разбирање и ќе може да ни прогледаат низ прсти. Секако, во понатамошните преговори овие прашања ќе мора да се надминат, затоа што мора да се покажат и резултати“, вели Муслиу.

Малески заклучува дека е особено важно политичкиот врв да покрене иницијатива за градење на партиски консензус. Според него, самиот тој чин внатре во државата ќе придонесе за ублажување на порадикалните ставови на владејачките партии.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG