Достапни линкови

Египет: Морси во притвор и поради контакти со Хамас


Египетскиот државен обвинител денеска му одреди петнаест дневен притвор на отстранетиот претседател Мохамед Морси поради наводни контакти со палестинската исламска организација Хамас која му помогнала да избега од затвор во 2011 година. Заедно со него тогаш избегале уште десетина лидери на Муслиманското братство кои биле во затвор за време на протестите против тогашниот претседател Хосни Мубарак. Египетската војска го држи Морси на тајно место од 3 јули кога го собори од власт.
XS
SM
MD
LG