Достапни линкови

logo-print

Хелсиншки комитет за случајот Кежаровски


Хелсиншкиот Комитет за човекови права од извршениот увид во приложената документација за случајот со новинарот Томислав Кежаровски, констатира дека Кривичниот совет донесувањето на решенијата го сторил во постапка и на начин кои се спротивни на Европската конвенција за човекови права и праксата на Европскиот суд за човекови права. Во денешното соопштение на Комитетот се наведува дека биле сторени суштествени и процесни повреди во врска со проценката и аргументацијата за неопходноста од продолжување на притворот од страна на Основниот суд и непостапувањето по жалба од страна на Апелациониот суд во Скопје. Хелсиншкиот комитет, како што се додава, е подготвен да започне жалбена постапка пред Европскиот суд за човекови права.
XS
SM
MD
LG