Достапни линкови

logo-print

Перо Антиќ ќе игра во НБА


НБА екипата Атланта Хокс и официјално потврди дека потпишале договор со македонскиот репрезентативец Перо Антиќ. „Перо е голем и сестран играч кој ќе ја продлабочи нашата игра напред на теренот. Ќе се вклучи добро во тимот што го градиме “, вели Дени Фери, оперативен претседател на клубот, во соопштението на јастребите од Атланта. Притоа, не се даваат детали за договорот кој е потпишан. НБА клубот наведува дека 30 годишниот Антиќ е капитен на македонската кошаркарска репрезентација на која и помогнал да дојде до полуфиналето на Европското првенство во Литванија. Наведени се и клубовите за кои настапувал Антиќ, од Работнички, преку Србија, Бугарија, Русија и Грција, до тоа да биде прв Македонец во најдобрата светска лига.
XS
SM
MD
LG