Достапни линкови

logo-print

Тензии во Тунис по убиство на опозициски политичар


Убиството на тунискиот опозициски политичар Мухамад Брахми предизвика протести против исламистичката влада во оваа северноафриканска земја. Тој вчера беше застрелан од двајца вооружени напаѓачи во главниот град Тунис. Илјадници луѓе подоцна се собраа пред Министерството за внатрешни работи во Тунис, но и во Сиди Бузид, родниот град на политичарот. Демонстрантите ги опожариле канцелариите на владејачката партија Енахда во еден соседен град. Најголемиот синдикат во Тунис за денеска најави генерален штрајк. Брахми беше жесток критичар на исламистичката влада. ОН и специјалната пратеничка за човекови права на ОН, Нави Пилај, го осудија неговото убиство и повикаа на темелна истрага. Убиството на Брахми е втор атентат врз опозициски политичар во Тунис годинава.
XS
SM
MD
LG