Достапни линкови

Обама одржа ифтар во Белата куќа


Американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа одржа ифтар со неговите гости муслимани кои беа собрани да го слават празникот Рамазан. Обама рече дека „Рамазан е можност да се покаже преданоста кон Бога преку молитва и пост“ и „празник на зближување на семејството и пријателите“. Тој рече дека ифтар во Белата куќа е дел од традицијата на прославување на свети денови од различни религии со што се дефинира верската слобода во САД. Ова беше петти ифтар одржан од страна на Обама во Белата куќа.
XS
SM
MD
LG