Достапни линкови

„Халибартон“ уништила докази за катастрофата во Мексиканскиот Залив


Компанијата за енергетски услуги Халибартон призна дека уништила докази за големото изливање на нафта од нејзината платформа во Мексиканскиот Залив во 2010 години, соопшти американскиот оддел за правда. Во катастрофата загинаа 11 лица, а речиси 5 милијарди барели нафта завршија во Заливот. Одделот за правда соопшти дека Компанијата спровела сопствена внатрешни истраги по несреќата, но фирмата наредила резултатите од истрагата да бидат уништени. Освен што ја призна вината за уништување на докази, Халибартон се согласи да плати 200 илјади долари парична казна и посебно да исплати 55 милиони долари на Националната фондација за риба и дивина.
XS
SM
MD
LG