Достапни линкови

logo-print

Папата Франциск го посети Рио де Женеиро


Стотици илјади Католици го пречекаа Папата Франциск на плажата Копакабана во бразилскиот град Рио де Женеиро, откако тој претходно беше во посета на озлогласените сиромашни квартови во градот. Додека тој им се обраќаше на младите католици кои учествуваат на Меѓународниот ден на младите, насобраните верници вееја знамиња, се фотографираа и го извикуваа името на папата. Атмосфера беше сосема различна од онаа при неговата посета на сиромашните фавели. Папата се вклучи во националната дебата за големата сиромаштија и корупцијата што доведоа до минатомесечните големи протести. Пред илјадниците луѓе собрани на едно фудбалско игралиште во сиромашните квартови, папата Франциск порача „никогаш да не дојде до обесхрабрување, да не се губи вербата и да не се дозволи уништување на надежите“.
XS
SM
MD
LG