Достапни линкови

Опозиционерот Ибрагимбеков се враќа во Баку и покрај заканите


Рустам Ибрагимбеков.

Рустам Ибрагимбеков.

Рустам Ибрагимбеков, кого азербејџанската опозиција го избра за кандидат за претседател, најави дека ќе се врати во Баку и покрај стравувањата од апсење. Зборувајќи за Радио Слободна Европа во Брисел, сценаристот, кој стана политичка фигура, изјави дека ќе продолжи со плановите да се врати во Азербејџан на 31 јули и да ги почне подготовките за кампањата. Не би исклучил да бидам уапсен веднаш кога ќе слетам, или за два-три дена, изјави Ибрагимбеков и додаде дека разбира дека главна цел на власта е да го спречи да учествува на изборите.

Азербејџанскиот Национален совет на демократски сили претходно овој месец одлучи да го предложи Ибрагимбеков како противкандидат на претседателот Илхам Алијев на изборите што треба да се одржат во октомври. Според непотврдените информации со кои излегоа азербејџанските медиуми неделава, владата можеби го истражува или подготвува апсење на опозиционерот.
XS
SM
MD
LG