Достапни линкови

Скопје одбележува половина век од катастрофалниот земјотрес


Во Скопје денеска се одбележува 50 годишнината од земјотресот. Годишнината ќе биде одбележана со низа настани, а централниот настан под мотото „Скопје се сеќава“ ќе се одржи вечерва на плоштадот Македонија.

На 26 јули 1963 година во 05:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес со 9 степени по меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка скала). Во земјотресот загинале 1.070 луѓе, а повеќе од 4.000 биле повредени. Од потресот биле урнати 15 илјади станови, повеќе од 28 илјади биле оштетени, а над 200 илјади луѓе останале без покрив над глава.
XS
SM
MD
LG