Достапни линкови

Оланд: Франција сака да помогне со спорот за името


Имајќи ги предвид добрите односи кои ги има со Грција, Франција сака да помогне да се изнајде решение за проблемот меѓу Македонија и Грција, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд на прес конференција во Брдо кај Крањ. Тој додава дека потребно е да се исполнат услови кои се важни за секоја од земјите кандидати. „ Првенствено тука мислам на реформите – политички, економски, институционални, како и реформите кои се однесуваат на владеењето на правото. Постои уште еден услов кој се однесува на целиот регион, а тој е регионална соработка и помирување. Тоа е она што вие се обидувате да го постигнете со овој процес“ рече Оланд.
XS
SM
MD
LG