Достапни линкови

Орешарски бара да се смират демонстрантите во Софија


Бугарскиот премиер Пламен Орешарски ги повика демонстрантите, кои бараат оставка на неговата Влада, да се воздржат од насилство. Апелот на Орешарски следи два дена откако неколкумина министри и пратеници остана заробени во зградата на Парламентот, кој беше блокиран од група демонстранти. Премиерот досега не ги коментираше протестите, кои веќе 41 ден по ред се одржуваат во центарот на Софија. „Апелирам до граѓаните кои протестираат во име на демократските вредности да не дозволат нови провокации и да повлечат јасна линија меѓу слободата и правото на слободно изразување од една страна и обидот за кршење на законот и редот од друга страна“ рече Орешарски.
XS
SM
MD
LG