Достапни линкови

Протест на новинарите против притворот за Кежаровски


Протест против притворот за Кежаровски
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:11 0:00

Протест против притворот за Кежаровски

Новинарите и медиумските здруженија пред Кривичниот суд протестираа против продолжување на притворот на Томислав Кежаровски. Воедно порачаа дека слободата на изразување во Македонија е мртва.

Со едноминутно молчење, медиумските здруженија и новинарите на денешниот протест против продолжувањето на притворот на Томислав Кежаровски и одадоа почит на, како што рекоа, убиената слобода на изразување.
Сакаме да истакнеме дека легислативата на земјата налага мерката притвор да биде сведена на најкраткото нужно време и сите институции надлежни за спроведување на законот да дејствуваат итно да за да се забрзаат случаите во кои обвинетите се во притвор пред судењето. Европската делегација е загрижена за неодамнешните случувања, вклучувајќи ја и одлуката на новинарот Кежаровски да започне штрајк со глад.
Делегација на Европската унија во Македонија.

Во меѓувреме се огласи и Делегацијата на Европската унија која соопшти дека одблиску го следи судскиот случај поврзан со притворањето Кежаровски и одлуката на судот за повторно продолжување на неговиот притвор за нови 30 дена.

„Сакаме да истакнеме дека легислативата на земјата налага мерката притвор да биде сведена на најкраткото нужно време и сите институции надлежни за спроведување на законот да дејствуваат итно да за да се забрзаат случаите во кои обвинетите се во притвор пред судењето. Европската делегација е загрижена за неодамнешните случувања, вклучувајќи ја и одлуката на новинарот Кежаровски да започне штрајк со глад“, стои во реакцијата на Делегацијата на Европската унија.

Новинарите што протестираа пред Кривичниот суд, пак, го повикаа Кежаровски да го прекине штрајкот со глад, бидејќи само може да си го влоши здравјето, при што ниту една институција нема да ја промени одлуката.
Слободата на изразување во оваа земја е мртва, мртва е исто како што професионално се мртви колегите кои што работат во контролирани медиуми и мртва е како што некои нејзини поборници се физички мртви, затоа од почит на убиената слобода на изразување да извршиме едноминутно молчење.
Тамара Чаусидис, претседателката на ССНМ.

„Слободата на изразување во оваа земја е мртва, мртва е исто како што професионално се мртви колегите кои што работат во контролирани медиуми и мртва е како што некои нејзини поборници се физички мртви, затоа од почит на убиената слобода на изразување да извршиме едноминутно молчење“, вели Тамара Чаусидис, претседателката на ССНМ.


Претседателот на ЗНМ Насер Селмани вели дека одлуката за продолжување на притворот на Кежаровски е скандалозна, бидејќи е против Уставот и изрази очекување дека кај Кривичниот суд ќе преовлада разумот. Според него, оправдувањето на судиите не држи вода, бидејќи се свесни дека Кежаровски нема материјални средства да избега од земјата.

„Одлуката покажува дека во Македонија слободата на изразување е во милост и немилост на арбитрарни одлуки од судот и политиката. Ние дојдовме тука пред Кривичниот суд да се солидаризираме со колегата и на овие институции да им кажеме дека ако имаат намера да не исплашат не успеваат во тоа. Не затоа што сме храбри, туку затоа што вистината и правдата се на наша страна и да им кажеме дека нема да не одвратат од намерата гласно и јасно да ги кажуваме работите во Македонија“, вели Селмани.

Одлуката покажува дека во Македонија слободата на изразување е во милост и немилост на арбитрарни одлуки од судот и политиката.
Насер Селмани, Претседател на ЗНМ.
Зоран Димитровски од Иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски му порача на државниот врв да се вмеша во незвисноста на наделжните институции во случајот, кои според него го прекрушуваат законот.

„Ова е момент кога сметам дека владата, премиерот Никола Груевски и претседателот Ѓорге Иванов треба јавно да ги повикаат институциите на системот да го штитат законот, да го прекинат притворот на новинарот Кежаровски за да го спасат неговиот живот, но и да спасат нешто повеќе, да го спасат угледот и имиџот на Македонија во светот, да се обидат овој кадиско-спахиски-султански систем на судство, полиција и органи на прогонот да го вразумат, вели Димитровски.

Претседателската на МАН Слаѓана Димишкова вели дека надлежните институции во земјата мора да сфатат дека првадата може да се задоволи и ако Кежаровски е на слобода.

„Апелирам до надлежните да не ги повторуваат грешките. Еднаш веќе направија грешка и дадоа мерка притвор и тоа го повторуваат. Значи мора да прекинат со своите грешки и да го пуштат колегата Кежаровски да се брани од слобода“, вели Димишкова.

Меѓународната федерација на новинари, претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми го осудија продолжувањето на притворот на Кежаровски и притоа порачаа дека е неприфатливо новинар да биде уапсен за неговото известување. Кежаровски е обвинет за објавување на име на заштитен сведок во 2008 година.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG