Достапни линкови

Грчката крајбрежна стража спаси имигранти


Грчката крајбрежна стража спаси 47 илегални имигранти, чиј брод заринка на островот Хиос во Егејско Море. Еден од спасените имигранти подоцна починал во болница. Крајбрежната стража соопшти дека во близина на Хиос се пронајдени 47 имигранти, кои немале документи, но изјавиле дека се од Сирија и Авганистан. Имигрантите со хеликоптер биле префрлени во болници. Едниот од нив, кој бил пронајден онесвестен, починал во болницата. Другите имигранти се во добра здраствена состојба.
XS
SM
MD
LG