Достапни линкови

Расте бројот на жртви во нападот во Пакистан


Бројот на загинати во синоќешниот напад на објектите на пакистанските разузнавачки служби се искачи на девет лица. Инцидентот се случи во јужниот град Сукур а меѓу загинатите се петмина напаѓачи, четворица полицајци и разузнавачи. Претходно властите проценуваа дека седум лица загинале во нападот, кој почна по завршувањето на дневните пости во рамките на светиот празник Рамазан. За сега никој нема превземено одговорност за нападот.
XS
SM
MD
LG