Достапни линкови

ОБСЕ со осуда за продолжувањето на притворот на Кежаровски


 Дуња Мијатовиќ

Дуња Мијатовиќ

Претставничката на ОБСЕ за слободата на медиумите Дуња Мијатовиќ денеска го осуди продолжувањето на притворот на Томислав Кежаровски. „Неприфатливо е новинар да биде уапсен за неговото известување. Во минатиот месец на два пати интервенирав за овој случај, но денеска сум особено вознемирана поради продолжувањето на притворот за триесет дена“, наведува Мијатовиќ, повикувајќи ги властите да го слушнат гласот на граѓанските организации , а Кежаровски да го прекине штрајкот со глад.
XS
SM
MD
LG