Достапни линкови

logo-print

Стејт департментот со поддршка на напорите на Нимиц


грчкиот премиер Андонис Самарас

грчкиот премиер Андонис Самарас

„Ние ги поддржуваме тековните напори во Обединетите нации предводени од Метју Нимиц. Се надеваме дека лидерите на Македонија и на Грција ќе најдат взаемно прифатливо решение на спорот за името што е можно поскоро во интерес на евроатланската интеграција, економскиот просперитет, мирот и безбедноста во регионот“. Ова, како што јавува МИА, бил одговорот на претставник на Стејт департментот за претстојната посетата на грчкиот премиер Андонис Самарас на Вашингтон, како и неговото одбивање на поканата за средба за спорот за името со Македонија. Средбата меѓу Самарас и претседателот Обама најпрвин беше најавена за почетокот на јуни, па презакажана за 8 август, кога Самарас ќе се сретне и со потпретседателот Џо Бајден и државниот секретар Џон Кери.
XS
SM
MD
LG