Достапни линкови

Четврта Глобална конференција на ОМД


Методија Колоски, претседател на Обединетата македонска дијаспора

Методија Колоски, претседател на Обединетата македонска дијаспора

Во организација на Обединетата македонска дијаспора денеска во Скопје почнува Четвртата годишна Глобална конференција. Во работниот дел на конференцијата, која ќе трае до сабота, 27-ми јули ќе учествуваат 40-тина експерти од 12 држави. Конферецијата се совпаѓа со стогодишнината од завршувањето на Блаканските војни и од потпишувањето на Букурешкиот договор. Трудовите и дебатата во академскиот дел од конференцијата ќе се фокусираат на изминатите 100 години од македонската историја, но и на насоките и идеите за иден развој и на македонскиот народ и можниот придонес на македонската дијаспора во него. Ова е прва Глобална конференција на ОМД која се одржува во Македонија. ОМД е меѓународна невладина организација која ги застапува интересите и потребите на Македонците кои живеат надвор од Македонија, а придонесува и за остварувањето на стартешките цели на Македонија. Седиштето на организацијата е во Вашингтон, а има ограноци во Европа, Канада и Австралија.
XS
SM
MD
LG