Достапни линкови

logo-print

Состанок на претседателите на државите од регионот


Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Брдо кај Крањ, Словенија, ќе учествува на средбата на лидерите од Брдо процесот, неформална иницијатива за соработка меѓу земјите од регионот во контекст на аспирациите за членство во евро-атлантските организации.
На средбата, на која ќе присуствува и францускиот претседател Франсоа Оланд, како и претставници на Европската унија, лидерите на државите од Брдо процесот ќе дебатираат за клучните проблеми и можностите на регионот за интеграција во ЕУ.
Претседателот Иванов ќе се обрати на пленарната сесија на состанокот, а предвидени се и повеќе билатерални средби со учесниците на Брдо процесот.
На средбата, иницирана од претседателите на Словенија и на Хрватска, Борут Пахор и Иво Јосиповиќ, е најавено учество на претседателите на Албанија Бујар Нишани, на Косово Атифете Јахјага, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Србија Томислав Николиќ, како и на членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, Небојша Радмановиќ и Бакир Изетбеговиќ.
XS
SM
MD
LG