Достапни линкови

Во Ирак убиени 14 камионџии


Вооружени лица убиле 14 шиитски возачи на камиони откако ги провериле нивните документи на импровизирана барикада на автопатот северно од ирачкиот главен град Багдад. Според официјални извори, лицата потоа ги украле и возилата. Инцидентот се случил по судирите меѓу милитанти и безбедносните сили во градот Сулејман Пек, кои еруптирале доцна вчера. Милитантите притоа користеле минофрлачи и автоматски пушки.
Претходно милитанти нападнале од заседа минибус во западен Тикрит, при што убиле 4 војници, а при напад врз контролен пункт кај Шура загинале 9 полицајци.
XS
SM
MD
LG