Достапни линкови

logo-print

Терористички напад во Пакистан- 7 загинати


Седум лица загинале, меѓу кои и двајца членови на воената разузнавачка служба на Пакистан, во нападот на вооружени лица врз јужниот град Сукур. Претставник на полицијата за Радио Слободна Европа изјави дека нападот го извршиле 4 терористи, кои потоа биле убиени. Инцидентот почнал по зајдисонце, кога муслиманите го прекинуваат рамазанскиот пост.
Засега никој не ја презел одговорноста за нападот.
XS
SM
MD
LG