Достапни линкови

Каролина Кенеди номинирана за амбасадор на САД во Јапонија


Каролина Кенеди

Каролина Кенеди

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека ја номинирал поранешната „прва ќерка“ Каролина Кенеди за амбасадор на САД во Јапонија. Кенеди, адвокат и издавач на бестселери, е единствен преживеан член на потесното семејство на убиениот американски претседател Џон Кенеди. Таа му помогна на Обама во 2008 година да ја добие номинацијата на Демократската партија за претседателски кандидат, откако го поддржа него во „натпреварот“ со Хилари Клинтон.
Ако биде потврдена номинацијата, Каролина Кенеди ќе биде прва жена на функцијата американски амабасадор во Јапонија.
Јапонската влада ја поздрави веста за нејзината номинација, истакнувајќи дека тоа ја покажува важноста на врските меѓу Токио и Вашингтон.
XS
SM
MD
LG