Достапни линкови

Буш постариот ја избричи главата како поддршка на болно момче


Таткото и синот Буш

Таткото и синот Буш

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш ја избричи главата во знак на солидарност со 2-годишно дете кое остана без својата коса поради третманите против леукемија. Канцеларијата на 89- годишниот Буш соопшти дека тој и 26 членови на неговиот безбедносен персонал ги избричиле главите како поддршка на момчето Патрик- син на еден член на персоналот на Буш.
Членовите на безбедносниот тим исто така отвориле интернет страница во обид да соберат пари за да помогнат во плаќањето на медицинските сметки.
Џорџ Буш, претседател од 1989 до 1993 година и неговата сопруга Барбара, пред 60 години ја изгубија нивната 4-годишна ќерка Робин, која беше болна од леукемија.
XS
SM
MD
LG