Достапни линкови

logo-print

Над 30 загинати во излетување на воз од шини во Шпанија


Најмалку 35 лица загинаа откако патнички воз излета од шините во Шпанија. За сега не се познати причините за инцидентот кој се случил во северозападниот дел на земјата во близина на железничката станица во Сантјаго де Компостола. Спасувачките екипи се на местото на несреќата а шпанските медиуми покажуваат снимки од мртви тела на пругара околу превртените вагони. Причините за настанот се уште се непознати. На возот патувале 218 патници. Станува збор за втор посериозен инцидент во железничкиот сообраќај во последно време во Европа, по неодамнешното излетување на воз од шини во близина на Париз.
XS
SM
MD
LG