Достапни линкови

Во Хоризонт Турново оптимисти пред реваншот со Хајдук


Во реваншот, што ќе се одигра утре на Арената Филип Втори во Скопје, турновци ќе влезат со минимален минус, по поразот од 2-1 минатата недела во Сплит.

Фудбалерите на Хоризонт Турново со нескриен оптимизам го очекуваат утрешниот реванш-дуел против хрватскиот Хајдук во второто квалификациско коло од Лигата на Европа. Во овој меч, што ќе се одигра на Арената Филип Втори во Скопје, турновци ќе влезат со минимален минус, по поразот од 2-1 минатата недела во Сплит. Таму, спротивно на сите прогнози македонскиот дебитант на европската сцена, заслужи и подобар резултат.
Многу малку веруваа дека може да направиме некој позитивен резултат во Сплит, но сега сите се со нас. Веруваа дека ќе примиме 5-6 гола, или дека секоја минута ќе има гол. Тоа ни даде уште поголема мотивација и го покажавме тоа и на теренот. Покажавме дека не сме наивна екипа, дека знаеме да одиграме тактички добро. Се надевам дека во Скопје ќе одиграме уште подобро за да го победиме Хајдук и да се пласираме понатаму.
Зоран Балдовалиев, Хоризонт Турново.

Со тоа, единствениот наш клуб кој мина барем една пречка во актуелната сезона од европските купови (во првото коло ја елиминира литванската Судува) на најдобар можен начин одговори на потценувачките изјави од Хрватска. Тоа се покажа добредојдено за клубот кој доаѓа од село со само 900 жители и чии членови сега се убедени дека имаат сили за елиминација на тимот од „големата четворка“ на поранешна Југославија.

„Многу малку веруваа дека може да направиме некој позитивен резултат во Сплит, но сега сите се со нас. Веруваа дека ќе примиме 5-6 гола, или дека секоја минута ќе има гол. Тоа ни даде уште поголема мотивација и го покажавме тоа и на теренот. Покажавме дека не сме наивна екипа, дека знаеме да одиграме тактички добро. Се надевам дека во Скопје ќе одиграме уште подобро за да го победиме Хајдук и да се пласираме понатаму“, изјави еден од најискусните кај турновци, Зоран Балдовалиев, кој очекува утревечер да постигне барем еден гол.
Атмосферата е одлична, се надеваме на успех затоа што Хајдук не е како што беше пред неколку години. Го видовме тоа и на стадионот Пољуд. Има добри млади играчи, но немаат искуство. Така што, мислам дека тука ни е шансата. Ако одиграме добро, ако истрчаме како што треба, да бидеме на високо ниво, мислам дека многу лесно ќе поминеме.
Дејан Блажевски, Хоризонт Турново.

Уште поголем оптимист е првиот стрелец на турновци на европската сцена - Дејан Блажевски. Тој во двата дуели со Судува и минатиот четврток против Хајдук постигна три гола, а на реваншот во Скопје верува дека може уште два пати да ја затресе мрежата на клубот со славно минато, но скромна сегашност.

„Атмосферата е одлична, се надеваме на успех затоа што Хајдук не е како што беше пред неколку години. Го видовме тоа и на стадионот Пољуд. Има добри млади играчи, но немаат искуство. Така што, мислам дека тука ни е шансата. Ако одиграме добро, ако истрчаме како што треба, да бидеме на високо ниво, мислам дека многу лесно ќе поминеме“, вели Блажевски.

Иако не ја прифаќа фаворитската улога, слично размислува и капитенот Столе Димовски.

„Пак Хајдук си е фаворит. Ние не го потценуваме Хајдук. Сепак, сега сме каде каде поголеми оптимисти. Ние мислевме дека Хајдук е нешто повеќе, ама на крај испадна дека тоа не е тоа, па сега мислиме дека имаме реални шанси да направиме нешто повеќе. Ние одиме да си ја одиграме нашата игра, да си одиграме како што треба, па со Господ напред да се пласираме понатака“, рече голманот Димовски.

Инаку, доколку се пласира во третото квалификациско коло од Лигата на Европа, Хоризонт Турново на досега заработените 250.000 евра од УЕФА ќе добие нови 140.000 евра, а во битката за пласман во четвртото коло најверојатно ќе се сретне со грузискиот Дила Гори, кој во првиот дуел славеше победа од 3-0 над данскиот Алборг.
XS
SM
MD
LG