Достапни линкови

Сноуден добива документи со кои ќе го напушти аеродромот


Барањето за азил на Едвард Сноуден

Барањето за азил на Едвард Сноуден

Поранешниот соработник на американските разузнавачки служби Едвард Сноуден доби документи од Русија со кои може да ја напушти транзитната зона на московскиот аеродром. Тој беше заглавен на аеродромот по пристигнувањето од Хонг Конг, поради тоа што американските власти му го поништија пасошот. Соединетите американски држави бараат екстрадиција на 29 годишниот хакер кој е обвинет за шпионажа и објавување на доверливи информации. Сноуден побара привремен азил во Русија откако претседателот Владимир Путин го услови да престане со објавувањето на нови информации кои им наштетуваат на Соединетите американски држави.
XS
SM
MD
LG