Достапни линкови

Продолжен притворот на новинарот Кежаровски


Новинарите на протест пред судот во Скопје бараа ослободување од притвор на нивниот колега Томислав Кежаровски

Кривичниот суд му го продолжи притворот на Томисалав Кежаровски за нови триесет дена, јавуваат македонските медиуми. Како причина се наведува опасност од бегство и покрај тоа што неговото семејство поднесе гаранција од недвижен имот за новинарот да се брани од слобода. Кежаровски трет ден штрајкува со глад. Тој е притворен поради наводно објавување на име на заштитен сведок во 2008 година. Домашните и регионалните новинарски здруженија побараа ослободување на Кежаровски а ОБСЕ изрази загриженост дека случајот може да ја влоши слободата на медиумите во Македонија.
XS
SM
MD
LG