Достапни линкови

logo-print

Војската во Египет повикува на масовни протести


 Абдел Фатах ал Сиси

Абдел Фатах ал Сиси

Министерот за одбрана на Египет, Генералот Абдел Фатах ал Сиси повика на масовни протести низ целата земја за подршка на борбата на војската против насилство и тероризам. Во телевизиското обраќање Сиси ги повика жителите на Египет да организираат масовни демонстрации во петок. Шефот на војската беше предводник на отстранувањето од власт на претседателот Мухамед Морси, кое се случи на 3 јули по масовни протести против владеењето на првиот демократски избран шеф на државата. Војската го притвори Морси на за сега непозната локација. Безбедносните сили се судираат со подржувачите на екс-лидерот откако Морси беше симнат од власт.
XS
SM
MD
LG