Достапни линкови

Во Брисел нова рунда преговори меѓу Дачиќ и Тачи


Премиерите на Србија и на Косово Ивица Дачиќ и Хашим Тачи денеска во Брисел ќе одржат нова рунда разговори со посредство на шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон. На денешните разговори кои се во рамките на примената на Спогодбата за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина ќе се бара решение за учеството на косовските срби на општинските избори во ноември годинава. Во минатата недела во Брисел беа водени технички преговори за формирање полициски установи и сили во идната Заедница на српските општини на Косово.
XS
SM
MD
LG