Достапни линкови

logo-print

Насилствата во Египет продолжуваат



Насилствата во Египет продолжуваат, откако утрово двајца поддржувачи на соборениот претседател Мухамед Морси се убиени, а неколкумина други биле повредени во Каиро. Муслиманското братство за поддршка на Морси на својата веб страница објави дека полицијата во цивилна облека отворила оган кон поддржувачите на Морси за време на денешниот марш.
Египетските здравствените власти засега не ги потврдуваат информациите за жртвите. Во друг инцидент пак, најмалку 17 луѓе биле повредени откако експлодирала бомба пред полициската станица во провинција северно од Каиро. Египет се соочува со смртоносни насилства откако Морси беше соборен од страна на војската на 3 јули, а како резултат пак на масовните јавни протести против неговата влада. Муслиманското братство најави дека ќе продолжат со протестите се додека Морси не се врати на функцијата.
XS
SM
MD
LG