Достапни линкови

Комисијата за надворешни односи ја поддржа номинацијата на Пауер


Саманта Пауер

Саманта Пауер

Комисија за надворешни односи на американскиот Сенат ја поддржа Саманта Пауер за следен американски амбасадор во Обединетите нации. Мнозинството гласови во нејзина корист го отвораат патот за поддршка на нејзината номинација во целосна 100-члениот Сенат. Се очекува таа одлука да биде лесно потврдена. Пауер се соочи со некои непријатности пред се поради коментарите што таа кога била новинар ги кажала за САД и нивниот сојузник Израел. Нејзината номинација беше осудена од Венецуела, чија влада Пауер ја нарече репресивна. Венецуела соопшти дека со тоа ги завршила напорите за подобрување на односите со Вашингтон околу номинацијата. Пауер ја освои Пулицеровата награда за нејзината книга за неуспеси на Соединетите Држави да го спречат геноцидот во целиот свет.
XS
SM
MD
LG