Достапни линкови

logo-print

Рачна граната експлодираше во Триполи


Рачна граната ја погоди зградата покрај луксузниот хотел во кој либискиот премиер Али Зидан има апартман во Триполи. Засега нема информации за жртви, а според изјавите на висок официјален претставник, оштетена е станбената зграда покрај хотелот Коринтиј, омилен меѓу новинарите, а кој делумно е во сопственост на државата. Ракетната граната била прицврстена за еден автомобил, кој се запалил кога експлозивот бил активиран. Ракетата била активирана со далечински управувач, а во времето на нападот возилото било празно.
XS
SM
MD
LG