Достапни линкови

Кина забрани изградбa на нови владини згради


Кинеските власти најавија петгодишна забрана за изградба на нови владини згради, како обид да се наметнат мерки на штедење и спречување на корупцијата. Државната новинска агенција Ксинхуа соопшти дека Централниот комитет на Комунистичката партија и Државниот совет заеднички ја издале директивата. Според извештајот наредбата забранува изградба на службени згради, како и прекрасни структури изградени со цел да бидат центри за обука или владини хотели. Последните извештаи зборуваат за пораст на фрустрациите меѓу обичните луѓе поради изградбата на екстравагантни владини згради кои вклучуваат огромни канцеларии, грандиозни објекти, па дури и поморски летувалишта за употреба од страна на функционерите и вработените.
XS
SM
MD
LG