Достапни линкови

Турската опозиција го обвини Ердоган за затворањето новинари


Лидерот на главната опозициска Народнорепубликанска партија во Турција, Кемал Калачдароглу, го обвини премиерот Реџеп Таип Ердоган дека ги принудил турските медиуми на самоцензура, откако новинарските организации соопшти дека десетици репортери се избркани од работа заради известувањето од антивладините демонстрации. Сојузот на турски новинари соопшти дека најмалку 72 новинари се сменети, принудени да ја напуштат или поднесат оставки во последните шест недели, од почетокот на бранувањата што се проширија низ целата земја.
Демонстрациите, кои почнаа како обид за спасување на паркот Гези во Истанбул, брзо се проширија во досега незабележен облик на незадоволство кон владата, отсликувајќи ги како најсериозен општествен предизвик во 10-годишното владеење на Ердоган.
XS
SM
MD
LG