Достапни линкови

logo-print

Српски полицајци ќе патролираат во Охрид


Заедничките полициски патроли меѓу полициските службеници од македонското и српското министерство за внатрешни работи ќе се реализираат во Охрид до 15-ти септември.

За безбедноста на туристите во Охрид ова лето заеднички ќе се грижат македонски и српски полицајци. Како резултат на договорот помеѓу министерствата за надворешни работи на двете држави, полицајци од соседна Србија веќе неколку дена во Охрид заеднички патролираат со полицајци од охридскиот сектор за внатрешни работи.
Она што посебно е карактеристично за оваа соработка е дека целта на заедничките патроли не е само зголемување на степенот на размена на искуства помеѓу полициските службеници од двете министерства, туку многу повеќе излегување во пресрет на граѓаните со цел задоволување на нивните потреби од безбедносен аспект.

Портпаролот на полицијата во Охрид, Стефан Димовски вели дека полицајците од Србија биле одлично прифатени како од охриѓани така и од гостите од Србија

„Она што посебно е карактеристично за оваа соработка е дека целта на заедничките патроли не е само зголемување на степенот на размена на искуства помеѓу полициските службеници од двете министерства, туку многу повеќе излегување во пресрет на граѓаните со цел задоволување на нивните потреби од безбедносен аспект. Во овој контекст полициските службеници од Србија поточно полициската управа од Белград ќе имаат низа контакти со граѓаните на Охрид, со туристите и веќе имаат остварено контакти со туристи од Србија“, вели Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид.
Ние сме тука како помош на полициските службеници од СВР на полициската станица во Охрид, каде сме многу убаво дочекани. Веќе остваривме контакти со граѓаните на Охрид, но и со некои наши туристи кои уживаат во прекрасниот Охрид.

Полицајците од Србија нема да имаат полициски овластувања и при реализација на полициската работа на терен ќе бидат обврзани да постапуваат во согласност со националното законодавство на Република Македонија,нема да го носат службеното оружје и ќе даваат само поддршка на полициските службеници од Охрид.

„Ние сме тука како помош на полициските службеници од СВР на полициската станица во Охрид, каде сме многу убаво дочекани. Веќе остваривме контакти со граѓаните на Охрид, но и со некои наши туристи кои уживаат во прекрасниот Охрид. Кога ќе не видат граѓаните се многу пријатни, не застануваат и прашуваат од каде ние овде“, вели Драган Лукиќ полициски службеник од Белград.

„Досега остваривме повеќе контакти, не може да се пожалиме, граѓаните се неверојатно љубезни. Охрид е прекрасен“, вели Славиша Илиќ полициски службеник од Ниш

Српските полицајци пред стапувањето на работната задача детално биле запознаени со законот за внатрешни работи на Македонија и законот за полиција. Заедничките полициски патроли меѓу полициските службеници од македонското и српското министерство за внатрешни работи ќе се реализираат во Охрид до 15-ти септември. Ова е прва ваква соработка помеѓу полициите од регионот, но и добар знак за српските туристи кои се едни од најбројните покрај Охридското Езеро, дека можат и треба да се чувствуваат безбедни.
XS
SM
MD
LG