Достапни линкови

Македонија и Србија различно ги толкуваат заклучоците од ЦЕФТА


Од македонското министерство за економија велат дека во официјалниот заклучок не е прецизиран рок до кога треба да се укине мерката за увоз на пченица и брашно, додека српските власти велат дека во заклучокот како рок е заведен 15 август, датум кога ќе треба да прекине да важи мерката со која се ограничува увозот на пченица од Србија.

Во разумен рок да се реши проблемот на билатерална основа или за месец ипол да се укине спорната мерка за увоз на пченица и брашно. Ова се толкувањата на заклучоците од вонредниот состанок на ЦЕФТА во Белград. По состанокот македонските и српските медиуми излегоа со различно толкување на заклучоците.
Затоа што по секоја таква изјава ги принудуваше мелничарите да прекинат со откуп на пченица, па повторно да имаме состаноци, да се договараме, да ги убедуваме мелничарите дека тоа не е вистина, дека тоа се произволни изјави што даваат некои од медиумите.

Од македонското министерство за економија велат дека во официјалниот заклучок не е прецизиран рок до кога треба да се укине мерката додека српските пишани медиуми пренесуваат изјава од српските власти дека во заклучокот како рок е заведен 15 август, датум кога ќе треба да прекине да важи мерката со која се ограничува увозот на пченица од Србија.

Српскиот министер за трговија Расим Љајиќ изјави дека со македонската влада договориле процедурата за укинување на мерката да стартува и дека чекаат да бидат преземени конкретни мерки.

Мерката за условен увоз за пченица и брашно останува на сила до предвидениот рок до 31 декември годинава, односно се до стабилизирање на пазарот и редовниот откуп на македонска пченица и нема да претрпи никакви измени, рече на ден пред состанокот, министерот за земјоделство Љупчо Димовски.
Инаку, Владата донесе одлука македонските увозници да купат два килограми домашна пченица ако сакаат да увезат килограм жито од Србија, односно да купат четири килограми домашна пченица ако сакаат да увезат килограм брашно од Србија.
Не е во ред да се брукаме вака пред ЦЕФТА. А што ќе направиме, дали е тоа долгорочно решение, секоја година вака ќе се спротивставуваме на слободниот пазар? Јас сега не знам што е дефинитивно, српската телевизија кажа дека е договорено да се исклучи условот, нашите викаат дека останува до 1-ви декември. Јас не знам што е точно, меѓутоа јас сум апсолутно против секакви административни регулативи, затоа што ние сега штитиме неконкурентни производители, тие што не можат да конкурираат на пазарот, мора да се ориентираат на нешто друго.

Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци Ефтим Шаклев вели дека информациите од српските медиуми им штетат на македонските земјоделци.

„Затоа што по секоја таква изјава ги принудуваше мелничарите да прекинат со откуп на пченица, па повторно да имаме состаноци, да се договараме, да ги убедуваме мелничарите дека тоа не е вистина, дека тоа се произволни изјави што даваат некои од медиумите.“

Пазарот не може да се штити со административни владини одлуки и ограничувања, затоа што ако има условување тоа не е слободен пазар, тој се штити со висока конкурентност, висок квалитет и ниски цени, вели универзитетскиот професор Борис Анакиев.

„Не е во ред да се брукаме вака пред ЦЕФТА. А што ќе направиме, дали е тоа долгорочно решение, секоја година вака ќе се спротивставуваме на слободниот пазар? Јас сега не знам што е дефинитивно, српската телевизија кажа дека е договорено да се исклучи условот, нашите викаат дека останува до 1-ви декември. Јас не знам што е точно, меѓутоа јас сум апсолутно против секакви административни регулативи, затоа што ние сега штитиме неконкурентни производители, тие што не можат да конкурираат на пазарот, мора да се ориентираат на нешто друго.“

Тој додава дека домашните производители на пченица мора итно да ја зголемат конкурентноста и продуктивноста, за долгорочно да го решат проблемот со поевтината пченица од Србија, затоа што во спротивно проблемот со себе ќе донесе нови ризици.

„Ризикуваме да ни го затворат пазарот за вино, на домати, еве сега нашиве не можат од Струмица бостанот да го продадат. Се создаде во Србија една психологија на бојкотирање на Македонија, наместо од кај нас да увезуваат можат од Бугарија да го правата тоа.“

Додека пак според Шаклев компромисно решение во ситуацијава е прво да се откупи македонската пченица.

„Јас мислам дека толку е внесено досега во Македонија брашно и пченица, што нема да има потреба, пазарот ќе биде задоволен што нема да има потреба од внесување на други количини и на брашно а верувам и на пченица.“

Анакиев смета дека земјоделците треба да инвестираат во нова опрема и во системи за наводнување.

„Во услови на наводнување е прецизно наведено и измерено кога и колку треба вода. Кај нас тоа се прави од прилика, сė се прави од око. Кај нас се наводнува од око, ѓуброво се става од око, ние треба на тоа да поработиме, да овозможиме висока технологија и се разбира тоа е долгорочен процес.“

Дополнително треба да се насочат кон одгледување и на други култури, зошто земјава не ги задоволува потребите за жито и мора да увезува, објаснува професор Анакиев.

Србија има годинава 5 тона просечен принос по хектар додека пак Македонија не може да достигне ни до 3 тона. Увозот на пченица и брашно од Србија надминал 250 илјади тони во изминатите 18 месеци.

Анакиев предупредува дека приносот на пченица во земјава не се зголемил речиси 30 години, а површините каде се одгледува жито од година во година се намалуваат. Од 120 илјади хектари пред десттина години, во моментов располагаме со 80 илјади хектари.

Србија има суфицит во трговската размена со Македонија. Минатата година тој изнесувал 22 милиони долари само во размена на прехранбени стоки.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG