Достапни линкови

Волерс: Го подржуваме дијалогот кој го води Нимиц


Ние се надеваме дека Македонија набрзо ќе стане членка на НАТО и никој не посакува повеќе од Соединетите американски држави да ја види Македонија во Алијансата, рече американскиот амбасадор Пол Волерс. На прашањето за одговорот на Самарас на писмото на Груевски, Волерс вели дека Соединетите држави остануваат на подршката на дијалогот. „Ние досега многу пати сме рекле дека го подржуваме дијалогот и обидите за разговор, секако во продолжение на процесот кој го води Нимиц и секогаш ќе до подржуваме дијалогот и обидите да се постигне договор“ изјави американскиот амбасадор.
XS
SM
MD
LG