Достапни линкови

logo-print

Македонија не е приоритет за литванското претседателство


Литванското претседателство го поддржува процесот на проширување на Европската унија кон Западен Балкан и Турција, но Македонија не е во приоритетите во рамки на тој процес, изјави амбасадорот на Република Литванија задолжен за Република Македонија со седиште во Будимпешта Ренатас Јушка на презентацијата на Програмата и приоритетите за работа на Литванското претседателство со Советот на Унијата. Одговарајќи на прашање од пратениците, тој појасни дека во неговата презентација Македонија не беше спомната не поради грешка, исто како што не беше спомната ниту во заклучоците на Европскиот совет од јуни. „ Ние се обидуваме да бидеме многу точни во поглед на нашите приоритети и кога станува збор за приоритетите околу проширувањето, оваа земја не е во нив. Иако ова ќе звучи недипломатски и грубо, ова е сигнал кој што ние се обидуваме да ви го испратиме вам затоа што сме загрижени, не гледаме напредок во многу области, можеби и во повеќето. Списокот на нашите грижи е голем и долг“ рече амбасадорот Јушка пред челновите на Националниот Совет за евроинтеграции и на Комисијата за европски прашања.
XS
SM
MD
LG