Достапни линкови

Парон: Прашање е дали Самарас ќе прифати „Горна Македонија“


Американците се за името „Горна Македонија“ и прашањето е дали Самарас ќе го прифати, пишува грчкиот весник „Парон“. Повикувајки се на дипломатски извори, медиумот јавува дека американскиот претседател Барак Обама ќе изврши голем притисок врз грчкиот премиер Андонис Самарас на средбата закажана на 8 август во Вашингтон. „Пораките кои пристигнуваат од преку Атлантикот се јасни и не многу оптимистични... Вашингтон сака ова прашање да се реши што е можмо побргу, до крајот на 2013 година“ пишува грчкиот весник.
XS
SM
MD
LG