Достапни линкови

Нови жртви во протестите во Египет


Најмалку шестмина загинале во судири меѓу подржувачите и противниците на поранешниот египетски претседател Мухамед Морси синоќа во Каиро, потврдија болнички извори. Подржувачите на екс – претседателот бараат враќање на Морси на претседателската функција. На трети јули војската во Египет одлучи да го суспендира уставот и да го отстрани од власт демократски избраниот шеф на државата поради протестите против неговото владеење. Армијата соопшти дека Морси е протворен за сопствена безбедност.
XS
SM
MD
LG