Достапни линкови

Атина: Грција го гарантира суверенитетот на Кипар


Грција го гарантира суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Кипар, и покрај постоечките тешкотии со кои се соочува, изјави грчкиот министер за одбрана Димитрис Аврамопулос по средбата со кипарскиот колега Фотис Фотиу. Аврамопулос рече дека соработката меѓу Грција и Кипар вклучува широка област на прашања, вклучувајќи ја одбранбената способност со цел заштита на интересите на двете земји. „Грција ќе го поддржува во сите етапи барањето на Кипар за членство во програмата Партнерство за мир“ изјави Аврамопулос. Од своја страна, Фотиу изјави дека експлоатацијата на природните ресурси на Кипар е суверено право на земјата и никој не може да го оспорува тоа право. „Обидите да бидете дискредитирани или уценувани нема да не спречат во остварувањето на нашите планови“ рече Фотиу
XS
SM
MD
LG