Достапни линкови

Македонија и Русија го потпишаа договорот за Јужен тек


Македонија го потпиша договорот со Руската Федерација за соработка во изградбата на гасоводот Јужен тек. Македонија се вклучува со крак, а од каде ќе се гради дали од Србија или Бугарија треба да одлучи „Газпром“. Договорот од македонска страна го потпиша вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во Москва. Изградбата на Јужен тек треба да заврши до 2015 година, кога ќе протечат првите количини гас кон Централна и Јужна Европа. Капацитетот на гасовоот е 63 милијарди метри кубни годишно или 14 проценти од вкупните потреби на Европа.
XS
SM
MD
LG