Достапни линкови

Реакција на МАНУ за лустрацијата


МАНУ во соопштение до медиумите наведува дека решително се противи на секој обид на злоупотреба на процесот на лустрација за уривање на институциите на државата, на културните, образовните и други општествени институции и во тој контекст на положбата и улогата на Академијата како највисока научна и уметничка институција од посебен интерес за Македонија. Како што се наведува во заклучоците од седницата на претседателството на МАНУ одржана вчера, Академијата е столб на македонската државност, македонската култура и националниот идентитет и на македонското мултикултурно општество. За првата септември МАНУ најавува Собрание на кое ќе расправа за пошироките аспекти и последиците на досегашното спроведување на процесот на лустрација во Македонија.
XS
SM
MD
LG