Достапни линкови

Забелешките од страна на ОБСЕ за Законот за медиуми само потврдуваат дека законот не е добар, велат од медиумите организации.

Забелешките од страна на претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ за медиумските организации е уште едно предупредување дека новиот закон не е прифатлив. Мијатовиќ порача дека со оглед на моменталната состојба со слободата на медиумите во Македонија е загрижена дека законот може да се искористи за замолчување на критичките гледишта и за ограничување на слободата на говор.
Опасноста за злоупотреба е толку голема, што е потребно воопшто да не се влегува во таа авантура, очигледно амбицијата е токму спротивната, да се влезе и да се обиде да се регулира и она што треба и она што не треба.

Претседателот на ССНМ Тамара Чаусидис вели дека отворената загриженост од страна на Мијатовиќ се реални и произлегуваат од контекстот во кој функционираат новинарите. Според неа, секојдневно се појавуваат нови димензии на гушењето на новинарството кое се наоѓа во тешка ситуација.

„Опасноста за злоупотреба е толку голема, што е потребно воопшто да не се влегува во таа авантура, очигледно амбицијата е токму спротивната, да се влезе и да се обиде да се регулира и она што треба и она што не треба. Оттаму забелешката на Мајатовиќ проследена со анализата на третата варијанта на законот токму говори за тоа за опасноста којашто оваа законска материја ја носи во и онака кревката кревката состојба во новинарството.“
Претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ.

Претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ.


Дејан Георгиевски од Центарот за развој на медиуми вели дека се согласуваат со укажувањата од ОБСЕ и порачува дека вистинска потреба од Закон за медиуми во формата во која е понуден не постои.
Меѓународните институции и домашната јавност изнесоа бројни забелешки за бројни прашања, за надлежностите и составот на Агенцијата, непрецизните мерки и санкции, правото на одговор и исправка се само некои од нив што се од суштинско значење во обезбедувањето на слободата на медиумите и мора да бидат предмет на отворена, јавна дискусија и доработка.

„Сепак ако проценката е дека таква потреба постои, тогаш законот треба сериозно да се преработи за да обезбеди различни видови на регулација за различните видови на медиуми. Меѓународните институции и домашната јавност изнесоа бројни забелешки за бројни прашања, за надлежностите и составот на Агенцијата, непрецизните мерки и санкции, правото на одговор и исправка се само некои од нив што се од суштинско значење во обезбедувањето на слободата на медиумите и мора да бидат предмет на отворена, јавна дискусија и доработка.“

Во однос на тоа дали владата ќе ги послуша забелешките од ОБСЕ, Чаусидис вели дека ветува тоа што владата барем влегла во некаков дијалог со организацијата за разлика од игнорирањето на медиумските организации.

„Дури и да бидат бескрајно конструктивни со ОБСЕ фактот дека овој закон се носи без вистинска и конструктивна дебата и разговор меѓу медиумските организации и надлежното министерство останува.“

Мијатовиќ бара од Министерството за информатичко општество и натаму да работи на измена на неколку клучни одредби од законот. Според неа, проблематични се улогата на Агенцијата за медиуми, високите казни одредбите околу прашањата за националната безбедност и поттикнување не толеранција или омраза, како и дефиницијата новинар и инсистирањето на терминот „мнозинска новинарска асоцијација“.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG