Достапни линкови

Блокирана на патот кон Запад, Македонија се врти кон Исток. Тоа што не знае кој пат да го фати, само покажува дека нема алтернатива, нема план за делување на меѓународно поле.

За едни дволична и многу опасна политика, за други пак најверојатно коинциденција се денешните патувања на владини делегации во Брисел и во Москва.
Не сум од оние кои мислат дека Македонија, Западот го менува со Истокот, туку дека всушност немаме алтернативен план на делување во однос на надворешната политика, вели професорот Стево Пендаровски.
Јас мислам дека откако Македонија е блокирана на својот пат кон Западот, од познати причини, воопшто нема алтернативен пат да оди не на исток, туку на која било друга насока во светот, значи ние немаме план Б, ние немаме алтернативен план, ние немаме никаков план.

„Јас мислам дека откако Македонија е блокирана на својот пат кон Западот, од познати причини, воопшто нема алтернативен пат да оди не на исток, туку на која било друга насока во светот, значи ние немаме план Б, ние немаме алтернативен план, ние немаме никаков план.“

Според професорот Мерсел Биљали пак Владата води неконзистентна и пред се дволична меѓународна политика. Последиците би можеле да бидат многу штетни, вели Биљали.
Премиерот Никола Груевски се сретна со шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон во Скопје.

Премиерот Никола Груевски се сретна со шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон во Скопје.


„Мислам дека се работи за една провидна политика, која е многу штетна за државата. Тоа е игра која дури и големите сили не си ја дозволуваат, затоа што се коментира како непринципиелно.“
Глумат некаква уцена, мислат дека ќе го заплашат Западот со флертување со Истокот. Прво тие не пасат трева, за се имаат анализи, така што таа игра првенствено е за внатрешна употреба.

Моменталните посети на владините претставници имаат своја генеза, објаснува Пендаровски. Во Брисел се оди колку да се прикаже активност во рамките на регуларните форми на соработка меѓу Македонија и ЕУ, откако е јасно дека клучниот предуслов за напредување, односно комисијата за 24 декември не ја заврши својата работа. Посетата во Москва пак е поправање на нешто што требаше да се направи месеци назад, односно кога требаше да влеземе во првиот пакет земји кои се вклучуваат во Јужниот поток, а притоа со неизвесна перспектива дали тој проект ќе се спроведе на терен, вели Пендаровски.

„Мислам дека на двете места одиме затоа што мораме, заради некоја форма што е претходно преземена со преговорите и затоа што сакаме да поправиме нешто за да го продадеме подоцна дома за домашна политичка употреба.“

Она што навидум изгледа како „вртење кон Истокот“, според Биљали пак е вешта глума на актуелното политичко водство. Таквото однесување би можело да предизвика дипломатска блокада која пак би повлекла политички и финансиски последици.

„Глумат некаква уцена, мислат дека ќе го заплашат Западот со флертување со Истокот. Прво тие не пасат трева, за се имаат анализи, така што таа игра првенствено е за внатрешна употреба.“

Експертите потсетуваат дека има неколку земји членки на Унијата кои на полето на енергијата соработуваат со Русија и за тоа никој не ги критикува. Но за разлика од нас, сите тие не ја запоставуваат евроатланската агенда и идеја, заклучуваат нашите соговорници.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG